
Кров кој протекува и зграда во која за 50 години е реновиран само тоалетот – ваква е сликата на Зградата на штипскиот театар. Како што посочи сегашниот директор Филип Стевановски ситуацијата е лоша, но се прават напори за реконструкција на истата со цел преставите да се одржуваат на едно пријатно и ново место. Но, дополнително во лоша состојба е и штипскиот Дом на култура. Нема соодветно греење на најголемата сала која има над 600 седишта, и истата не е во функција од месец ноември до месец март.
„Мене ме повеќе ме загрижува Домот на културата, бидејќи искрено и реално од периодот од ноември до март е под клуч. Немаме никакво греење, тоа не е од сега туку со години наназад. Таму собираме 618 седишта кадешто за да се стопли тој просотор и таа сцена и таа огромна сала е навистина голем предизвик. Во план е реконструкција и на таа сала“ – вели Стевановски.
Изминатиот период променета е влезната врата на штипдкиот Дом на култура со што се поместуваат работите од мртва точка. Како што вели Стевановски се работи со целиот тим за да се подобрат работите но и самиот простор во домот на култура и во театарот.
„До пред еден месец можеше било кој да влезе, тоа беше јавен тоалет, можеше да влезе било кој во големата сала, во било која канцеларија. Во тој поглед ставивме ред да се знае кој влегува кој излегува, имаме систем за влез со картици како секоја модерна институција. Поголем ред се води и за хигиената бидејќи ако тековно ги чистиме работите кои ги користиме многу полесно се одвиваат работите“ – вели Стевановски.
Во периодот кој следи треба да се работи и на вработување на нов кадар, бидејќи голем дел вработени одат во пензија, а нивните места остануваат празни.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет