
Шест случаи на врсничко насилство забележани во оваа учебна година, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа изјави дека кон нив се пристапува, но е потребна соработка од повеќе министерства и стручни лица за да заеднички се најдат правилните решенија. Според нејзе државата има систем за водењето грижа за менталното здравје на младите преку училиштата и министерството.
„Државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата и министерството исто така има педагошка служба која е вклучена во тој систем за менталното здравје на младите. Оваа учебна година шест случаи имаме, за врсничко насилство и ние кон нив пристапуваме, меѓутоа значајно е да се нагласи дека е неопходна меѓуресурна соработка од повеќе министерства, секако од невладини организации и стручни лица, но ќе повторам од осебно значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓгаме заеднки решенија
Училиштата се обрзани да имаат стручни служби и тоа вообичаено да содржат психолох, педагог и во зависност од можностите и големината на училиштето да се има дополнително дефектолог, изјави Јаневска
“Значи се обрзани да имаат стручни служби и тие вообичаено содржат психолог и педагог, кои можат да бидат проширени со дефектолог и социјален работник во зависност од можностите и големината на училиштето.“, истакна Јаневска
Со ваквите ситуации, по лесно и јасно ќе се наоѓаат проблематиките кај децата и истовремено ќе се решаваат проблемите со струча помош. Од една страна не само што ќе се спречат асилствата и булингот, од друга страна ќе се подобрат и условите во комуникацијата помеѓу учениците.
Лаура Стојанова, М-Нет