Трипуновски: По 200 денари доплата ќе имаат пчеларите кои имаат над 50 кошници пчели

Сите пчелари кои имаат над 50 кошнички пчели ќе имаат доплата по 200 денари и во наредните денови истите ќе можат да се очекуваат на сметките на пчеларите. Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски истака дека веќе се спремни налозите кои што се пуштени до министерството за финансии и додава дека со оваа промена се подржани и пчекарите.

“Исто така еве можам да најавам дека веќе се спремни налозите кои што се пуштени до министерството за финансии за доплата на оние 200 денари кон сите пчелари во Р.Македонија и веќе во наредните денови ќе можат да ги очекуваат средствата на своите сметки. Доплатата по 200 денари од субвенции по кошничка за производители кои што имаат над 50 пчелни кошници.“, изјави Трипуновски

Покрај покачувањето на субвенциите на пчеларите, Трипуновски изјави дека со ребалансот на буџетот обезбедени се вкупно 350 милиони денари, така што 250 милиони ќе бидат за национални шуми и 100 милиони денари за водостопанство.

“Со ребалансот на буџетот обезбедивме 350 милиони денари вкупно, односно 250 за национални шуми и 100 милиони денари за АД Водостопанство. Тие пари се префрлени на претпријатијата, што значи вработените навреметно ги примаат овиe обврски.”, додава Трипуновски

Со ваквите промени, не само што ќе се подобарат условите за работа и кај пчеларите, туку ќе се овоозможи и дополнително поголема финансиска сосотојба со која ќе се мотивираат пчеларите во иднина.

Лаура Стојанова, М-Нет