
Амбициозниот третолигаш Шкендија Арачиново ништо не остава на случајност, покрај засилувањата во играчкиот кадар, клубот се реши да го засилува и стручниот штаб, пред се за тој важен бараж натпревар за влез во Втора лига.
Повеќе од јасно е дека есенскиот шампион во Трета лига – Север лесно ќе се прошета во пролетниот дел и ќе го потврди првото место и токму затоа фокусот е ставен на баражот.
За таа цел стручниот штаб предводен од Еркан Мурсели е дополнително засилен со помошникот тренер Шабан Сулимани кој поседува УЕФА А лиценца.
Сулимани носи големо искуство како дел од стручниот штаб на прволигашот Гостивар и со тоа значително ќе помогне во подготовките на Шкендија Арачиново како за пролетниот дел во Трета лига – Север, така и за баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет