
Со натпреварите од првото коло беше отворена новата сезона од кошаркарската Суперлига на Македонија. Бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје на домашен терен со седум поени разлика односно 77:70 славеше над дебитантот Маџари и со позитивен резултат ја започна новата сезона и одбраната на титулата.
Тиквеш беше сигурен на гостувањето кај екипата на Гостивар, откако ги освои бодовите славејќи со 67:81, додека пак Пелистер беше пресилен на гостување кај најтрофениот Работнички славејќи со високи 75:115, па за скопскиот тим ова е голем пораз на отварањето на сезоната.
Кожув дома загуби од тимот на ТФТ Скопје со 79:87, а пак Куманово го доби Чаир во гости со 74:85. Екипата на Феникс без проблеми го доби повратникот Ангели со резултат од 79:62.
Во рамки на второто коло екипата на Ангели ќе игра против Гостивар, Куманово ќе биде домаќин на Маџари. МЗТ Скпје ќе гира против Феникс, додека пак Чаир ќе гостува во Битола кај Пелистер. Работнички го очекува меч за рехабилитација против ТФТ Скопје во скопско дерби, а пак Тиквеш ќе игра против Кожув.
Александар Ванев, М-Нет