Ракометарките на Овче Поле го декласираа тимот на Јехона, победи за Атлетик и Ѓорче Петров 2

Четвртото коло на Првата женска ракометна лига донесе убедлива победа за Овче Поле, откако ракометарките на тимот од Свети Николе го декласираа составот на Јехона на гостински терен со 11:33.

Поранешната ракометарка на штипски Астибо, Елена Вучевска постигна девет погодоци за Овче Поле, а пак пет погодоци постигна Анастасија Сентовска. За домашниот тим Сара Премческа постигна четири погодоци.

Атлетик без проблеми ја декласираше Стружанка во гости со резултат од 20:37 во меч каде за гостинот десет погодоци имаше Моника Босилковска.

По неизвесен меч одиграа Деспина и Ѓорче Петров 2 во меч каде гостинот беше подобар со 25:28. За домашниот тим 11 погодоци имаше Мери Гичева, а за победничкиот тим исто така 11 погодоци имаше Кристина Наумовска.

Слободна екипа во рамки на четвртото коло беше Деспина. Во однос на табелата Овче Поле и Атлетик имаат по шест бода, со тоа што Атлетик има меч помалку во однос на тимот од Свети Николе. Ѓорче Петров 2 и екипата на Деспина имаат по четири бода, по два имаат Стружанка и Јехона, а пак Шампион е последен како седми на табелата без бодови.

Александар Ванев, М-Нет