
По девет одиграни кола во фудбалската елита на Македонија, Струга Трим Лум е на врвот од табелата со 23 бодови на своето конто, два повеќе од Вардар и Шкендија кои го делат второто место.
На четвртото место е Силекс кој има 18 освоени бодови, па следува Башкими како петтопласиран со 15 бодови.
На делба на шестата позиција се Македонија ЃП и Брера Струмица со по 12 бодови и веднаш има пресек на табелата меѓу зоната за директен опстанок и бараж зоната. Токму во бараж зоната е Арсими со осум бодови, а толку има и Тиквеш кој е деветти.
На десеттото место е Пелистер со седум бодови или во зоната за директно испаѓање во Втора лига, следува Работнички како претпоследен со пет бода и на дното е Шкупи со само еден освоен бод.
Александар Ванев, М-