
Шампионот на Македонија, Вардар доби нов тренер, откако клубот го претстави Миодраг Божовиќ за нов шеф на стручниот штаб.
Божовиќ познат и како Гроф има богата интернационална кариера, тој го освои Купот на Русија во сезона 2013/2014 со екипата на Ростов, а беше шампион на Србија во сезона 2015/2016 со екипата на Црвена Ѕвезда.
Како што информираат од Вардар, двете страни ставиле потпис на договор до 2028 година.
Низ тренерската кариера црногорскиот стратег работеше во Србија, Црна Гора, Русија, Јапонија, Азербејџан, Иран.
По пет одиграни кола Вардар има форма од две победи, едно реми и два порази и со седум бодови се наоѓа на делба на четвртото место, а шампионот има негатива од осум бодови во однос на лидерот Шкендија, тетовскиот тим има 15 бодови.
Дебито на Божовиќ се очекува да биде в понеделник кога Вардар на домашен терен ќе го пречека Арсими.
Александар Ванев, М-Нет