
Чоколадото и сокот – некогашните секојдневни задоволства, денес – недостижен луксуз. Граѓаните алармираат цените се качуваат со брзина што ги остава граѓаните без зборови, а уште повеќе – без вкус на чоколадо. Особен скок на цената забележале по одмрзнувањето на цените, па затоа маркетите најверојатно понатаму ќе останат само места за пресметка, а не за купување.
Повозрасните на терен остануваат децидни дека мора да штедат за да купат чоколада за внуците. На некој иако најмилите не се во државата, сепак се штеди за кога ќе пристигнат.
Инаку, за енормно зголемени цени вчера премиерот Мицкоски, потенцираше дека ќе има мерки. Доколку трговците прават нови итраги со цените во маркетите, ќе има мерки кој ќе важат до крајот на годината.
Иван Митев, М-Нет