
Низ црквите и манастирите на големо се слави летен Св. Атанас, заштитникот од злите сили. Уште рано утринава и во Штип верниците дојдоа да се помолат пред неговиот исцелителен лик и да му запалт свеќа со цел тој ги заштитува преку целата година. Македонците го празнуват двапати во годината. На 31-ви јануари, со домашни и големи слави, како и денес 15 мај. Според светата православната црква на овој ден се одбележува неговото упокојување. Верниците упатија молитви кон Св. Атанас за многу здравје, среќа, мир, слога, напредок, љубов, се со цел тој ги услиши нивните молби и ги пренесе на спасителот Христос.
Инаку, Постои легенда за тоа како ѓаволот го искушувал свети Атанасиј со тоа што се преправил во најубавата девојка која го искушувала да се одрече од Бога и да и се придружи во обожавањето на злите сили. Свети Атанасиј ја видел оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже ѓаволската моќ скокајќи во мал сад. Таа го сторила тоа, а монахот веднаш го затворил садот и го фрлил во морето. Легендата вели дека садот лебдел со години, додека не ја пронашле рибарите кои ја отвориле.
Старите велат дека штом грми, ѓаволот мисли дека е свети Атанасиј, се плаши и веднаш скока во чиниите. Затоа е важно на овој ден сите садови да бидат цврсто затворени.
Иван Митев, М-Нет