Судбината му свртела грб, но и личностите во неговиот живот на кој најмногу се надевал го оставиле на цедило. Оставен на милост и немилост на времето, избркан од куќата каде живеел, Марјан од Штип засолниште нашол во најбликата лимена гаража и тамо преноќувал. Стрестот и нервозата допринеле за да се соочи со здравствени проблеми, и да се помири со ваквиот начин на преживување. Тој не бара многу, еднствено сака да оди на болнички испитувања за да дознае дали неговите сомневања дека е сериозно болен се вистините.
Додека спиел во лимената гаража на ниски температури, во близина на Мирјанина црква бил забелажан од неговите соседи. Од тогаш е згрижен и живее кај нив, заедно со нив и нивните семејства, делејќи храна облека и кров над глава.
Од есената минатата година живеат заедно, не правејќи разлика меѓу националност и вера, и покажувајчи дека човечноста е над се.
Марјан не бара многу. Единствена негова желба е да оди на лекар, да дознае дали неговите сомнежи се реалност, за да може понатаму да се преземаат потребни мерки.
За сега тој останува да престојува кај неговите соседи, со надеж дека ќе му се помогне и повторно ќе се врати во живот онаков како што Маријан бил пред година дена.
