
Стотина планинари од ДПС „Лисец“ од Штип заедно со љубители на авантуристичкиот дух од повеќе македонски градови учествуваа во успешната „мисија“ по прекрасните предели на кањонот Козјак. Отсекогаш привлечен со своите непредвидливи природни убавини кањонот Козјак е мета и цел на безбројните љубители на природата за кои сепак треба добра организација и префинети водичи. Членовите на Лисец како искусни планинари за „прочешлаа“ челата патека за движење поставувајќи ги неопходните клинови, јажиња и други елементи а се со цел безбедно патешествие, разгледување и уживање во овие природни благодети. И оваа прекрасна акција на планинарите на Лисец се поклопува и надоврзува на „Месецот на кањоните“ во кои целта е што поблиску запознавање и заштита на природата и природните убавини и нејзино доближување до сите искрени љубители и миленици на ваквите убавини на Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk