Пионерите и Кадетите на БК „Балканец“ и на БК „Бучим“ на заеднички подготовки

Во пресрет на Европското првенство во борење за Пионери и Кадети што ќе се одржи во Софија, Бугарија раководствата на боречките клубови на Балканец од Штип и на Бучим од Радовиш се договорија за заеднички дво – неделни подготовки. Подготовките ќе се одвиваат наизменично по една недела во Радовиш и една недела во Штип. Со машкиот дел на борачите ќе раководат тренерите Бобан Данов, Мијалче Ананиев, Горан Атанасов и Горан Стојанов а девојките ќе тренираат под раководство на Ангел Стефанов. Според информациите од тренерот Бобан Данов тренинзите се отворени и за други борачи така да на овие заеднички подготовки на Балканец и на Бучим учествуваат и тренираат борачи од клубовите Вардар и од Чаир од Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk