
Членовите на БК Балканец денеска беа на прием во кабинетот на градоначалникот Јорданов. Ова се должи на постигнатите успеси на последното Блаканско првенство кое се одржа во Грција, а од кое членовите на БК Балканец се вратија со два златни медали и три брозни. Јорданов во оваа прилика истакна дека општината продолжува со поддршка на спортот и спортистите, додавајќи дека се работи и на спортската инфраструктура.
„Ја користам оваа прилика да ги честитам постигнатите резултати на последното Балканско првенство, три злата и две брозни. Ова ни дава дополнителна мотивација да продолжиме со поддршка на спортските клубови, работнци и на спортистите“ – вели Јорданов.
Успехот е забележителен, посочи тренерот Ананиев кој истакна дека сега се подготвуваат за европско првенство од кое се надеваат на уште поголеми резултати.

Задоволни од покажаното на терен се и членовите на БК Балканец кои се вратија ос освоен медал. Велат дека напорно се подготвувале, но на крај резултатите се задоволителни.
„Имавме забаележителен успех на ова Блаканско првенство и се надеваме дека нема да застанеме овде. Ќе продолжиме со многу поголеми успеси во иднина“ – вели Ананиев.
Членовите на БК Блакнанец по враќањето од Балканското првенство во Штип беа достоинствено пречекани и пред просториите на клубот од роднини, пријатели и љубители на спортот.
Лаура Стојанова М-Нет