Чичко Киро од Штип од даб прави дрвена лажица, од хоби до занает за преживување

Од соодветно дрво и негова преработка до изработка на дрвени лажици кои се употребуваат во домаќинството. Чичко Киро пред камерите на М-Нет телевизија вели потребно е многу трпение за да се изработи една лажица, љубов кон она што се работи и доволна посветеност. Најдобро се прават од даб и бука, бидејќи тие два вида на дрва се доспатпни во околината на Штип.

„ Од бука се прават, тоа дрво е најубаво. Може да се најдат во планина, јас кога земам дрва таму ги наоѓам. За една лажица да се изработи потребно е половина час. Дрвото се крши на тенко, па потоа се обработува.“

Киро е 87 години и единственото хоби му е изработката на дрвени лажици. Започнал да ги изработува пред 20 години, а вели се науќил затоа што имал желба за тоа. За разлика од него младите денеска не сакаат да изработуваат вакви лажици и затоа нема кој да го наследи.

„Ех, лесно се учи кој сака. Но, мене нема кој да ме наследи, младите не се интересираат. За ова треба работа, мир , да не се неривараат, ако се нервирате теслата е остра ќе ве исече. Треба многу посветено и прецизно да се работи.“ – додава Киро.

Лажиците кои се продаваа на пазрот во Штип беа со различни цени во зависност од чолемината. Имаше помали од 10 денари за мед, па поголеми до 50 или 100 денари. Според чичко Киро има доволно колку за еден живот, а за него ова преставува хоби, како и трошење на слободното време.

Лаура Стојанова М-Нет