Рекламни постери залепени на сите страни во Штип, дали ова е дозволено?

На повеќе локации во Штип залепени рекламни постери од приватни фирми кои ги известуваат граѓаните дека ќе се одржи концерт во некои други градови. Поштата, објкети кои не работат, на повеќе вакви јавни површини можеше да се видат постерите кои се залепени. Некои цели, други до пола, на сите страни во центарот на Штип може да се забележи оваа слика. Граѓани регираа до нашата редакција додавајќи дека ова не личи за град кој е центар на Истокот. Дали ова бесплатно рекламирање со рекламни постери на јавна површина е дозволено и е вистинскиот начин за граѓаните да се информираат за нешто, го прашавме комуналниот инспектро при Општина Штип, Борче Везенков. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија Везенков истакна дека е во нивна надлежност и дополнително ќе реагираат за овој случај.

„Не е дозволено рекламни постери да бидат залепени на јавни површини во градот. Ова е во наша надлеженост и не е првпат да се случува. Но, деновиве работиме на случајот со продавачите околу пазарот во Штип. Во врска со постерите дополнително ќе бараме кој ги залепил истите, и соодветно ќе реагираме“ – кажа Везенков.

Според него вакви случаи имало и претходно, односно за секој поголем настан во Штип или во некој друг град се прикачуваат постери за да се известат граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет