
Петтата рунда на Првата македонска фудбалска лига донесе два натпревари под рефлектори, но и историска победа за тимот на Арсими, откако во синоќешниот натпревар во Битола во вечерен термин со 0:4 го декласираше Пелистер.
Битолачни го одиграа својот прв домашен натпревар на стадионот „Петар Милошевски“, но публиката замина разочарана.
Струга Трим Лум без проблеми со 3:0 го декласираше тимот на Тиквеш, со што се продлабочува кризата на тимот од Кавадарци.
Брера Струмица славеше минимална, но голема победа од 1:0 над Шкупи во трката за бегство од опасната сзона, додека пак Силекс ја прдоолжува доминацијата и славеше со убедливи 3:1 над Работнички на домашен терне.
Вардар со голот на Омерагиќ го реши дуелот под рефлектори со Македонија ЃП славејќи со минимални 1:0, а пак Шкендија на домашен терен беше подобра од Башкими со 2:1.
Во однос на табелата екипата на Силекс е на врвот со максимални 15 бодови, а толку има и Струга која е втора.
Вардар е трет со 13 бодови, а пак шампионот Шкендија е на четвртата позиција со десет бодови, но има натпревар помалку.
Башкими е на петтата позиција со седум бодови, Пелистер е шести со шест бодови, а пак Арсими се проби до седмото место со пет бодови, колку што има и Брера Струмица. На деветтото место со три бодови е Македонија ЃП, екипата на Тиквеш е на десеттото место со два бодови, а пак Работнички е претпоследен со еден бод.
На дното е тимот на Шкупи, кој има пет порази од толку натпревари и останува единствениот тим кој нема освоено бодови.
Александар Ванев, М-Нет