
Штипјани оставени без сон, моторџиите „дивеат“ во ноќната доба. И покрај големиот апел од полициските служби, продолжува проблемот со бучавите и несоодветното однесување од страна на истите. Се вози несовесно, дури и моторите ги креват на едно тркало, велат граѓаните на Штип и додаваат дека летниот период е причина да се слуша нередот, поради отворените прозори преку кој влегува барем малку воздух во топлите ноќи.
“Бучава во вечерниот период има колку сакате. Јас живеам во центарот и цела ноќ ми бучат, се слуша, бидејќи врати, прозори се е отворено“
“Сметат како не, посебно тука кај нас на Ванчо Прќе. Се качуваат и тоа на едно тркало возат, значи дигаат напред „
“Па навечер прават галама и не само навечер, туку и во текот на денот . Тоа се млади кој сакат да се докажат.“
Полицијата треба да превземе поголема одговорност, велат анктираните граѓани пред камерите на М-нет тв и едногласни се дека потребно е сообраќајна култура и разбирање од страна на младите управувачи на моторните возила
“Абе треба внатрешните да си превземат работата и да видат, да се сигнализира и да ги санираат“
“Полицијата всушност треба да си ја врше работата“
“Ние треба да спиеме, тоа е“
Од полицијата и понатаму апелираат на голема одговорност и внимателност, затоа што секое несовесно однесување носи санкции и казниви мерки. Потребна е сообраќајна култура и соодветен пристап во вечерните и ноќни часови, имајќи во превид дека во истото време граѓаните одмараат и истите одат на работа во раните утрински часови
Лаура Стојанова, М-Нет