Четворица физички нападнале едно лице пред казино во Пробиштип и тешко го повредиле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(37), М.Т.(34), Т.А.(24) и М.П.(30), сите од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.07.2023 пред казино во Пробиштип, пријавените физички го нападнале К.Н. и му нанеле тешки телесни повреди.