Честитка од градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов по повод одбележувањето на Илинденското востание

Почитувани сограѓани,
Илинден претставува најголемиот национален македонски празник кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ и останатите народи кои живеат на територијата на Република Македонија. Тој во себе ги обединува клчучните моменти од македонската историја и тоа Илинденското востание во 1903 година, и Првото заседание на АСНОМ 1944 година. Овие два датуми во себе го содржат стремежот и вечната борба за слободна и самостојна македонска држава. 
Во оваа прилика би сакал да изразам длабока благодарност за сите оние борци кои го жртвувале својот живот и ја пролеале својата крв, за сега да живееме во слободна и независна Македонија. Денес, можеби како никогаш до сега, сме исправени пред предизвикот да ги сочуваме овие придобивки и да продолжиме по патот кој ни го трасирале нашите предци, но и да не заборавиме дека само со мир и заедништво се гради и развива една држава. 
Нека ни е честит и вековит празникот Илинден!