Од наредниот месец по електронски пат ќе може да се пријавува состојбата на водомерите

Од наредниот месец ЈП Исар воведува нова можност за корисниците. Имено, по електронски пат сите граѓани ќе може да ја пријавуваат состојбата на својот водомер, со што ќе се реши и проблемот со граѓаните кои не се овде. Со ова дополнително ќе се штеди на време и ресурси, а работите ќе бидат благовремено завршени.

„Следно нешто што планираме да го направиме од наредниот месец е електронско пријавување и следење на сосотојбите на водмоерот и преку нашата страна електронско делондирање на сметките за вода. Во овие летни услови че им олесниме на граѓаните своите сметки да ги добиваат односно да си ги симнуваат сами ако се во можност и покрај тоа да пријавуваат состојба на водомер, бидејќи имаме некои сограѓани кои се отсутни од овде, така да ќе може електронски да пријавуваат својата состојба.

Системот за електронско плаќање е надограден со тоа што и правните лица ќе може да ги плаќаат своите сметки без провизија, додаде Здравков.

„Системот за електорнско плаќање е од изминатите години, а сега го надоградивме со тоа што и правните лица ќе може да плаќаат на нашиот систем, електорнски без провизија. Имаме вкупно од нашите корисници 30% од правните и 27% од физичките лица кои веќе почнаа да го користат системот и ги плаќаат своите фактури односно сметки за комунални услуги без провизија“

Здравко истакна дека за граѓаните кои не знаат како да ги преземаат сметките електорнски, детално објаснување има на веб страната, а дополнително екипи од претпријатието ќе им помагаат на граѓаните.

Системот за електронско плаќање функционира од изминатите години, со тоа што сега дополнително се надгорадува, со цел задволни корисници.

Лаура Стојанова М-Нет