
Утре,недела на 1 ноември 2020 на Базенот Борис Трајковски во Скопје ќе се одржи Првиот Меѓународен пливачки митинг „Вардар 2018 – Опен “ во организација на Пливачкиот клуб Вардар 2018. Натпреварот ќе се одржи во 2 дела,со утрински квалификациски натпревари и попладневни финални натпревари Поради почитување на протоколите на Националната пливачка федерација и препораките на Владата пливачкиот митинг ќе се одвива без присуство на публика. Според зборовите на Спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски за Пливачкиот Спортски Клуб „Челични “ од Штип ќе настапат Смилјан Нашков, Методи Георгиев, Ренато Ристов, Раде Ристов, Вероника Зашевска и Ивона Наумова во дисциплините слободно, градно и делфин.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk