
Во сабота со три и недела со еден натпревар ќе се отвори петтото коло на ракометната Суперлига во женска конкуренција.
Наместо во Штип натпреварот меѓу Астибо и Чаир ќе се одигра во Скопје, а каде екипата на Чаир ќе биде апсолутен фаворит за нов триумф и продолжување на победничката серија против штипскиот клуб.
Натпреварот се игра во спортската сала „7-ми Март“ во Скопје со почеток од 16 часот.
Дербито на колото се игра во Автокоманда меѓу Металург Автокоманда и актуелниот шампион Ѓорче Петров, дерби кое се игра со почеток од 20:45 часот.
Битката ќе биде голема и неизвесна за двата бодови на две екипи кои ќе водат неизвесна трка за титулата.
Вардар на домашен терен ќе го пречека Пелистер каде гостинот од Битола ќе бара први бодови, а пак Вардар е пред идеална ситуација за трето славје.
Колото се затвара во недела со натпреварот меѓу Спартак и фаворитот Куманово. Домаќинот ќе се обиде да изненади за прва сезонска победа, а пак Куманово ќе атакува на второ славје со што би можел да прогресира на табелата.
Александар Ванев, М-Нет