Сребрен медал за младиот борач Лука Ананиев од Штип на Балканското првенство во Романија!

Младиот борач Лука Ананиев од Штип продолжува да блеска на меѓународната сцена, откако на Балканското првенство кое се одржа во Романија го освои сребрениот медал, што е уште една потврда за талентот на 14-годишниот Ананиев.

Тој имаше импресивни настапи и одлични борби на Балканското првенство, забележа три убедливи победи, а потоа во финалето беше поразен и го освои второто место и со тоа се закити со сребрениот медал.

ИЗЈАВА 20251010_092819 Лука Ананиев, борач 00:28 (оваа година конкуренцијата) до 00:48 (претставник од Турција)

Ананиев се натпреваруваше во категорија до 44 килограми пионери, а покрај него уште пет македонски репрезентативци настапија Балканското првенство, односно Кристијан Атанасов, Мираџ Мустафа, Даријан Павлев, Христијан Димитриев и Викторија Ѓурова, но Ананиев беше најуспешен од сите.

Сега фокусот се става на Државното првенство, а паралелно ќе течат подготовките и за Европското првенство кое ќе се одржи следната 2026 година.

Ананиев е исклучително талентиран и посветен спортист, кој важи за голем талент на македонското борење од кое се очекува во иднина да има големи успеси на меѓународната сцена.

Александар Ванев, М-Нет