
Црн или бел петок, граѓаните категорични годинава- нема пари. Иако истиот донесе големи најави за попусти, но без очекуваниот потрошувачки бум. Во анкетата што ја спроведовме, повеќето граѓани велат дека дали е црн или бел , сеедно е, затоа што финансиите им се ослабени. Дел од нив признаваат дека само разгледуваат, без да купуваат. Трговците, пак, очекуваа поголем наплив и подобра продажба. Реалноста покажа дека Црниот петок станува повеќе маркетинг, отколку вистинска можност за купување.
Анкетираните категорични, покрај повозрасните и младите тешко дека ќе купуваат. Цените иако со попуст, сепак празниот џеб на крајот на ноември е одраз за да секоја продавница се одминува.
Црниот петок полека ја губи привлечноста и се претвора во маркетинг-настан без значајни резултати. Граѓаните внимателно трошат, а трговците се соочуваат со се помал интерес.
Иван Митев, М-Нет