Јовчевски: Стопанството има потреба од поквалификувани кадри кои ќе се продуцираат

Стопанството има потреба од поквалификувани кадри кои ќе се продуцираат во иднина. Потребна е комуникација и соработка со цел да се понудат студенти со кои би се работело за во иднина стопанството да може да добие квалитетен кадар за работа. Од приватниот сектор посочуваат дека младите студенти треба повеќе да бидат вклучени во процесот на учење, за да има поголеми придобивки во иднина.

„Веќе долги години гледаме како продуцираме кадри кои ние како стопанство треба да ги продуцираме во иднина, а не се толку квалитетни и завршуваат како неквалификувани кадри. За повисока квалификација ова вмрежување, односно тоа што му треба на бизнисот ние мора да имаме и комуникација и соработка, меѓу универзитетот, општината, комората. Во иднина очекуваме да се тоа развие и еве ова е почеток на една голема иницијатива и идеја, а подоцна мојата идеја и цел е да можат конечно да почнат да учат младите студенти“ – вели Јовчевски.

Потребно е и поголема практична работа, вели Јовчевски со цел сите студенти да може да се мотивираат и да работат како квалитетен кадар во иднина.

„Мораме во иднина малку повеќе да се осврнеме на практиката, практичната настава да почне да делува како развој, за да може во иднина повеќе студенти да ги мотивираме“ – додава Јовчевски.

Вчера беше потпишана Иницијатива за основање на Иновациски центар – Штип помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, Општина Штип и Стопанската комора на Македонија за создавање одржлив модел на соработка во областа на претприемништвото, иновациите и локалниот економски развој.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет