
Годинава исто како и лани штипската пастрамајлија ќе се продава по цена од 200 денари, со состојки од 200 грама месо и 250 грама тесто. Штипската пастрамалијада годинава ќе се организаира на нови две локации на улицата Ванчо Прќе, со нов концепт на еден нов и модерен изглед. Првата локација на која ќе биде поставена главната бина е позади познатиот трговски ценар каде ќе има поставено девет штандови со зголемена големина. На централниот дел позади трговскиот центар на штандовите ќе се продава само пијалоци, кое претставува еден новитет за овоогодинешната манифестација. Нема да биде дозволено поставување на шатори,.а ниту пак дигање на платформи, посочи организаторот Александар Арсовски. На другата локација на едносмерната улица ќе има поставено десет унифицирани куќички на кои ќе се служи познатиот бренд, на локацијата на едносмерната улица ќе следува и денска забава со богата музичка програма.
„Дефинираме дека цената на пастрамалијата треба да биде 200 денари, составот ќе биде 200 грама месо, со 250 грама тесто. Другиот дел кој што е наменет за угостителите, односно кафани кои служат пастрамајли е предвидено на улицата Ванчо Прќе, 10 унифицирани куќички, 10 локаци, а принципот поднесена пријава прв дојден, прв услужен, нема да се бира местото, ќе се потполнуваат по серискиот број.“ – изјави Арсовски
Целосно бесплатни ќе бидат унифицираните куќички на едносмерната улица на кои ќе се служи штипакиот бренд. Организаторот Александар Арсовски посочи дека Општината заедно со градоначалникот им влегуваат во пресрет на угостителите со бесплатна струја, локација и куќичка се со цел сите посетители љубезно да бидат послужени со врвен квалитет.
„Заради тоа што вие сте репрезенти на пастрамалијата Општина Штип и градоначалникот одлучи овие дест локации да бидат бесплатни, без никаков финансиски трошок со обезбедена струја, единствено љубезни и да одговорете со квалитет, бидејќи името и брендо да добие добар глас.“ – додава Арсовски
Во однос на начинот на пријавување на угостителите ќе се одвива на следниот начин. Сите угостители кои се заинтересирани треба во вторик на десети септември да се обратат на шалтерот на архивата во општина штип каде ќе треба да потполнат пријава, како и минатата година. Архивата е достапна од 07:30 до следниот ден до 15:30, потоа по навремена доставена пријава ќе се доделуваат штандовите и куќичките на следниот состанок.
Лаура Стојанова, М-Нет