ОО на СДСМ Штип на прес конференција го обвини Јорданов за дадените лажни ветувања

Лажните ветувања на градоначалникот ги изневерија жителите на Пребег и Железничка, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Како што велат од таму наместо ветената детска градинка останал само празен простор.

„Жителите се чувствуваат измамени и разочарани од празните ветувања на градоначалникот Јорданов, кој пред изборите гордо вети изградба на детска градинка помеѓу овие две населби. Денес, наместо место каде нашите деца ќе растат и учат, гледаме само празен простор. Не е чесно да се лажат граѓаните, особено кога станува збор за иднината на нашите најмали. За разлика од сегашната власт, во време кога СДСМ беше на власт, во населба Сењак беше изградена нова детска градинка од темел – проект што покажа дека со волја и работа може да се постигнат резултати. Има разлика, и не се сите исти! Додека едни градат, други само ветуваат и забораваат.“ – вели Иванов.

Од ОО на СДСМ Штип прашуваат кога ќе почне изградбата на ветената градинка во Пребег.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет