Целосно се реконструираше улицата „Првомајска“ во Штип, денеска се постави и асфалтниот слој

Асфалтен слој доби улицата „Првомајска“ во Штип. Станува збор за тешко пристапна улица на која се работеше изминатиот месец. Се пристапи кон промена на водоводната мрежа, санација на дел од фекалната канализација, а денеска се пристапи и кон асфалтирање на истата.

Рехабилитацијата на улицата „Првомајска“ е со вкупна површина од 2100 метри квадратни, за што општината издвои 2,1 милион денари. Претходно се работеше и на пормена на водоводната линија со должина од 450 метри.

На оваа улица која се наоѓа позади средното училиште „Славчо Стојменски“ во Штип ништо не се променило повеќе од 30 години, а жителите самофинасирачки претходно ги решавале своите проблеми. Улицата целосно се реконструираше по барање на жителите од овој дел од градот.

Во меѓувреме, освен на улицата „Првомајска“ се работи на повеќе локации во неколку населени места во Штип, на патната инфраструктура, реконструкција на улици, уредување на тротоарски пвршини и влезови пред станбени згради. Целта е Штип да биде едно модерно и урбано место за живеење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет