Целосно реконструирано и модерно детско игралиште доби село Крупиште

Целосно се реконструира и обновува детското игралиште во село Крупиште. Станува збор за иггралиште кое доби нова тартан подлога, нови детски реквизити, а е по барање на овдешните жители. Инвистицијата е вредна еден милион денари, а парите се издвоени од Буџетот на Општина Карбиници.

„Овде добиваме еден реконсруиран нов детски и забавен парк во центарот на село Крупиште со што за кратко време и реквизитите ќе бидат обновени. Ова е целосна инвестиција на Општина Карбиници и е во рамки на проектот за реконструкција на детски игралишта со вредност од 1 милиони денари.“- вели Паунов.

Освен ова во периодот кој следи ќе се работи и на низа други проекти, реконструкција на игралишта со цел жителите да добијат катче каде ќе го минуваат слободното време.

Претходно се реаботеше на уредување на спортски игралишта во село Долни Балван и во Карбинци.

Лаура Стојанова М-Нет