Невообичаено мирна седница на совет во Штип, точките на дневен ред прифатливи за советниците

Невообичаено мирна седница на Советот на Општина Штип. На дневен ред се најдоа 17 точки кои денеска не ги скараа советниците од власата и опозицијата. Дел од точките со мнозинство гласови, друг дел поминаа едногласно. Поминаа точките за членови на Управен одбор на ЈП Стипион, како и одлуката за проширување на Буџетот на Општина Штип.

„Согласно барањето од СОУ Јане Сандански за реализација на донаторски проект преку Еразмус плус програмата се јави потребата од проширување на Буџетот на Општина Штип за 2023 година, од причина што консолидираниот Буџет на општината се состои од основен Буџет, буџет на самофинансирачки активности, буџет на дотации, донации и кредити. Проширување се врши во Буџетот на донации“

Се одобрија средства за лекување на 37 седница на Советот на Општина Штип, а се даде согласност и за отстранување на градежен шут од средното медицинско училиште.

На денешната седница на Советот на Општина Штип се најдоа и годишните извештаи за работа на основните училишта за 2022 / 23 година.

Лаура Стојанова М-Нет