
Сите расположливи човечки и технички ресурси на двете јавни претпријатија во Штип од вчера се на терен и интезивно работат на расчистување на улиците и тротоарите од снег. Со вкупно 12 машини дејствува ЈП „Стипион“, а дополнително ангажиран е и јавен оператор со шест машини. Се чистат приорителни улици во централното градско подрачје, влеозовите кон штипската клиничка болница, веќе се работи и на споредни улички, а помош ќе биде испратена и за Карбинци. Директорот, Стефановски, повика на разбирање од страна на гарѓаните, бидејќи се работи во Штип и околните населени места.
„Веќе втор ден јавното претпријатие е непрекинато на терен, сите наши технички и човечки ресусри се ставени во функција. Вкупно 12 машини се постојано низ градот и ги чистат улиците по приоритет. Приоритетно за чистење беше централното градско подрачје, сите пристапи до КБ Штип, влезовите во градот и булеварите. Сега веќе се префрламе кон споредните улици, тротоарските површини, а помош ќе пратиме и кон Карбинци“ – вели Стефановски.
На терен се и екипите на ЈП Исар. Тие главно се фокусирани на чистење на тротоарите и мостовите. Се дејствува со две машини за чистење на тротоарите, а достапни се и два липкери за чистење на коловозите.
„Јавното претпријатие Исар ја мобилизира комплетно целата своја расположлива механизација и човечки потенцијал. Деноноќно работиме на чистење, тротоари, мостови. Дел од нашите машини ги отстапивме на ЈП Стипион, учествуваме и во расчистување на коловозите и на непристапните места во градот. Паралелно екипите на комунална хигиена навремено го собираат шутот.“ – вели Арсовски.
Постојано се фрла и сол, песок и ризла со цел сообраќајот и движењето да биде непречено. Од Стипион посочија дека има доволно количини за да се справат со снежниот бран кој го зафати Штип.
Лаура Стојанова М-Нет