
А на екстремно ниски температури стојат препораките граѓаните да водат грижа за своите водомери. Од ЈП „Исар“ апелираат соодветно да бидат заштитени водомерите, особено оние кои се директно изложени на ниските температури. Со соодветни мерки кои треба да се преземат се рагират предвремено за да не замрзанат воодомерите со што граѓаните би се соочиле со дополнителен трошок.
„Ние апелираме иако нашите граѓани се совесни и ги знаат мерките кои треба да ги преземат, а тоа значи соодветно да ги заштитат своите водомери кои директно се изложени на ниските температури“ – вели Арсовски.
Освен домашните водомери, од ЈП Исар велат дека нема опасност од замрзнување на водоводната инсталација. Додаваат дека и покрај дефектите кои се случуваат деновиве сите цевки соодветно се заштитени и не се оставени директно изложени на ниски температури за да замрзнат.
„Конкретно за подземната водовдна инсталација не постои опасност од мрзнење. На ние места каде што деновиве имаме дефекти на водоводната мрежа, навремено ги санираме и ги заштитуваме цевките да не бидат изложени на ниските температури“ – вели Арсовски.
И покрај ниските температури и лошите временски услови, екипи на ЈП Исар се на терен со што се извршуваат сите неопходни задачи, од собирање на ѓубре и смет, се до поправка на дефекти на водовдната линија.
Лаура Стојанова М-Нет