Хуманитарна помош за ранливи групи на граѓани

Вербата во хуманоста не смее да се губи бидејќи, хуманоста ја отсликува големината на човекот и неговата доблест. Хуманоста претставува широк поим во секој момент да се помага таму каде што е потребно. Без оглед на националната припадност.  Во време на кризи како што е моменталната ситуација со светската пандемија од корона вирусот, најголеми херои се хуманите луѓе.

Црвениот Крст- Штип почнувајќи од март месец минатата година извршуваат услуги на народот. Ранливите категории на граѓани, самци и беспомошни луѓе кои немаат семејство. Во руралните средини во Штипскиот и Карбинскиот  регион во името на граѓаните кои ја побарале таа помош. Актуелни мобилни телефони во соработка со Општина Штип.

„Контуирано се грижиме за ранливата група на граѓани на кои им е потребна помош. Телефонските броеви се отворени за секому и секој ќе ја добие потребната помош. Исто така, овде сме на помош и за дијабетичарите, лековите се носат до адресата на живеење.“ Изјавува, Милановска

Психосоцијалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје. Црвен Крст- Штип одговара на секој повик на граѓаните, секому може да се обрати и да добие совети за успешно справување со одредени ситуации. Кои особено во време на пандемијата Ковид-19 создаваат чувство на збунетост и вознемиреност.

„Во време на настанатата ситуација со Ковид-19 навистина е потребна стручна помош. Бидејќи, дел од граѓаните се соочени со вознемиреност и се чувствуваат безпомошно. Постојат телефонски броеви и секоја услуга на граѓанинот ќе му се искаже потребната помош.“ Изјавува, Милановска

Штип е дефинитивно хуман град. Штипјани се хумани луѓе кои брзо реаѓираат на повици за изразување на хуманост, на кој му треба насока. И нам како институција ни се потребни соодветни транспаретни и чесни алатки за канализирање за сета таа помош и хуманост. Изјавува, Милановска

Надица Стојковска/ М Нет

Игор Зиврев/ М Нет