Хубрев: Не сме „воени профитери“, нема друг избор освен да ги затвориме бензинските станици

Ние не сме воени профитери, туку поради намалената маржа ќе мора да ги затвориме бензинските станици, повторно излегоа со реакција од Здружението на брендирани и приватни бензински станици. Претседателот, Ѓорѓи Хубрев, вели дека претходно планирале до Владата да достават барање за покачување на маржата со која и претходно тешко се опстојувало. Меѓутоа, сега само добиле намалена маржа, повисоки давачки и исплата на плати за своите работници.

„Уште пред месец дена баравме состанок со Владата, на кој ние ќе баравме покачување на маржата, а не намалување, бидејќи покачена е и цената на струјата. Примерво 2019 година цената на струјата беше 3,5 денари денес цената на струјата е 24 денари. Покачувањето на платите на вработените сѐ е епокачено“ – вели Хубрев.

Друг избор освен затворање на бензинските нема, вели Хубрев. Дополнително, реагираат и на поимот „воени профитери“ со кој беа наречени, бидејќи, како што велат, тие не заработуваат на грбот на народот, а имаат само загуба во последниов период. Намалената маржа е проблем и за склучените тендери.

Инаку, на денешната собраниска седница од 15:00 часот Собранието одлучува за намалувањето на ДДВ и акцизата, што дополнително ќе ги намали цените на горивата и ќе придонесе за загуба за бензинските станици.

Лаура Стојанова М-Нет