
Студеното време не ја спречи раздвиженоста на денешниот пазарен ден во Штип. Зеленчук и овошје во изобилство, но со покачени цени. Сепак, купувачите, стандардно, со став дека секој купува колку може да си дозволи. Оние со поскромни плати и пензии очекувајќи покачување на истите велат дека мора да го купуваат само најосновното и тоа не секој петок.
Продавачите, пак, и не беа толку задоволни од пазарниот ден, ниту очекуваа поголема побарувачка во текот на денот. Цените, велат, се покачени, но така е оти веќе се’ е со покачени цени.
Зелените зеленчуци, како марула, зелка и краставица беа најбарани, а за купувачите се и најосновни продукти речиси секој петок заедно со овошјето.
Ребека Спасова М-Нет