
Улицата Коле Неделковски ќе биде асфалтирана наредната недела, хортикултурно ќе се уредуваат влезовите на неколку куќи на улицата Христијан Карпош, улиците ќе добијат осветлување, а жителите од населбата урбана оперма и зеленило. Овие проекти денеска ги најави градоначалникот Јорданов од населба Леваци.
„Започнавме со реконструкција на една улица, каде принудно беше заменета водовдната линија, во наредните денови очекувам да се изасфалтира оваа улица. Денес најавувам дека на улица Христијан Карпош еден дел ќе се партерно и хортикултурно ќе се уредуваат влезовите на неколку куќи. Станува збор за едно запоставено место, неосветлено, кое за неколку дена од сега ќе биде поплочено со павер елементи, со урбана опрема, клупи, осветлување и зеленило.“ – вели Јорданов.
Од наредната недела започнува и уредување на спортското игралиште во населбата, а Јорданов потенцираше дека приоритет е наредната година во оваа населба сите улици да бидат реконструирани и асфалтирани.

„Од следната неела ќе влеземе исто така во оваа населба со модернизирање на единственото спортски игралиште. Ова се содржините кои во наредниот период ќе ги работиме во оваа населба. Приоритет, план и стратегија е сите улици во населба Леваци да бидат реконструирани целосно“ – додава Јорданов.
Хортикултурното уредување во населба Леваци, поставувањето урбана оперма и осветлувањето, општината ќе ја чини 900 илјади денари. Јорданов во оваа прилика истакна дека со вакво темпо на работа продолжуваат и во наредниот период во сите населби во општината.
Лаура Стојанова М-Нет