
Хаварисани возила на паркинг позиции во централното градско подрачје во Штип, но и во сите приградски населби е се почеста слика. Реакции од страна на граѓани пристигнуваат и на адреса на комуналниот инспектор при Општина Штип, но и во ЈП Стипион. Директорот, Панче Стефановски, вели дека за да отстрани едно хаварисано возило од јавна површина, паркинг простор и слично потребна е посапка. Прво се пишуваат опомени, па доколку не се отстрани возилото во тој случај ЈП Стипион има обврска да го отстрани истото.
„Имаме реакции за хаварисани возила на повеќе локации во градот. Во оваа прилика сакам да објаснам постапката е непријавување до комуналниот инспекторат кој ќе излезе на терен ќе ја увиде состојбата со хаварисаното возило, че постави опомена до сопственикот во даден рок да го отстрани возилото од локацијата. Ако сопственикот не го отстрани возилото, ќе биде изготвено решение до ЈП „Стипион“ и ние ќе имаме обврска да го отстраниме возилото“ – вели Стефановски.
Ако возилото е со регистерска ознака и може да се најде сопственикот, истиот се известува дека треба да го отстрани од местото каде е паркирано. Но, има случај во кои хаварисаното возило е видно старо и без регистерски таблички па многу потешко се доаѓа до сопственикот. Во тој случај како што вели комуналниот инспектор при Општина Штип, Борче Везенков, се остава опомена дек авозилото треба да се отстрани во рок од седум дена. Ако не се отстрани настапуваат од ЈП Стипион и возилото се носи во Новакова чешма. Доколку сопственикот потоа сака да го подигне возилото треба да докаже дека е негово и да плати 3000 денари.
Лаура Стојанова, М-Нет