ФФМ за утре го закажа извлекувањето на паровите за 1/8 финале од Купот на Македонија

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Со вчерашните три одложени натпревари се комплетираше првата фаза од Купот на Македонија со што се познати сите екипи кои се пласираа во осминафиналето.

Вчера Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Беласица откако во регуларниот дел беше 2:2, а во пенал рулетот 4:5 за „лавовите“, Гостивар со 3:1 ја доби Победа, а Воска Спорт со 0:2 славеше над Башкими во Гостивар.

Тоа значи дека Македонија ЃП, Гостивар и Воска Спорт обезбедуваат следна фаза заедно со Детонит Плачковица, Пелистер, Шкендија, Силекс, Арсими, Вардар, Беса, третолигашот Шкендија Арачиново, Брегалница, Струга, Брера и Шкупи, кои претходно се чекирааа во осминафиналето, како и освојувачот Тиквеш.

Извлекувањето на паровите за осминафиналето ФФМ го закажа за утре со почеток од 15 часот, со што ќе бидат познати двојките за следната фаза. Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграт на 23. октомври со почеток од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет