Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Кожуф, недела од 14 часот

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Седмата рунда на Втората лига го носи дербито на двете досега непоразени екипи Брегалница и Кожуф, соочување на Градскиот стадион во Штип, дерби за трите бодови и кој да биде прв пред репрезентативната пауза. Дерби меч кој можете да го следите на М Нет телевизија во живо преку директен пренос од Штип в недела од 14 часот.

Брегалница во досегашните шест одиграни натпревари има скор од четири победи и две ремија и со 14 бодови се наоѓа на првото место на табелата, во однос на Кожуф кој е четврти со 12 бодови.

Меч каде трите бодови се силен императив и за двете страни, „сините“ сакаат експресно враќање во Прва лига и засега одат одлично на тој пат, а пак тимот од Гевгелија сака од втор план да се наметне како кандидат за Прва лига и засега игра одлично екипата која е предводена од Филип Деспотовски.

Брегалница во меѓусебните дуели доминира против Кожуф од 14 меѓусебни натпревари, Брегалница дури на десет меча била подобра, Кожуф само еднаш славел над Брегалница од 2017 година наваму, а пак три средби завршиле без победник. Од овие 14 средби четири биле пријателски, а десетте во Втората лига.

Сенев е поранешен тренер на Кожуф, одлично го познава тимот, менталитетот, атмосферата, дополнително тројца играчи на Брегалница се поранешни играчи на Кожуф, како Бојан Иванов, Џихан Адили и Грегори Давков.

Брегалница како предност ќе го има домашниот терен и домашната публика, формата е идентична и кај двете екипи, но предност за Кожуф ќе биде тоа што притисокот ќе биде кај Брегалница за трите бодови, па тоа остава простор за позитивни резултат на гостинот од Гевгелија која повеќе од јасно ги сака трите бодови.

Соочување на Брегалница и Кожуф на Градскиот стадион во Штип, следете го преку директен пренос на М Нет телевизија, во недела од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет