Футсал празник во Штип, лидерот на Македонија во последното есенско коло ќе гостува на тимот на Астибо

Со одигрување на синоќашниот натпреварот во Велес се заокружи 10 коло во Првата Футсал лига на Македонија. Домашниот тим Кеги Моби водеше жестока и изедначена борба со тимот на Јувентус Серава, но во финишот потклекна и прими три гола за конечен резултат Кеги Моби – Јувентус Серава 7:10. По ова 10 коло, а во пресрет на натпреварите од последното 11 есенско коло еве го изгледот на табелата:

  1. Проект Цико 28
  2. А.Бајрами 27
  3. Шкупи 23
  4. Железарец 22
  5. Карадаку 15
  6. Јувентус С 15
  7. Велес 12
  8. Кеги Моби 9
  9. Астибо 8
  10. Црна Река 8
  11. Кратово 4
  12. Мал Ајакс 2

Во следното 11 коло кое воедно ќе биде и последно есенско коло,најинтересно ќе биде во Штип каде што на Астибо ќе гостува лидерот на табелата Проект Цико од Валандово. Токму тука е силата и мотивацијата на играчите на Астибо предводени од тренерот Илија Митров да се надминат себе си и да прикажат одлична игра и да направат изненадување. Овој натпревар ќе се одигра во Понеделник 28 декември во спортската сала Тошо Арсов со почеток во 19.00 часот без присуство на публика. За комплетните натпревари од последното 11 есенско коло дополнително ќе информираме.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk