
На чекор пред Нова година и Божиќ, моменти кои од годините наназад беа запаметени по предновогодишната еуфорија, народ по плоштадите ширум државата, предновогодишно пазарување, украсување. Годинава се наоѓаме во ек на пандемија, која го зафати светот, па и нас, со што се зголемува разочараноста кај граѓаните во споредба со еуфоричноста. Сите излегуваат од своите домови, само во моменти кога навистина имаат потреба од тоа, пазаруваат или извршуваат секојдневни задачи. Ретки се дури и дедо мразовците кои претходно шетаа по улиците, делеа балони и ги забавуваа најмалите. Градовите од источниот дел на државата не го изоставија делот со украсувањето. Дел од нив со стари новогодишни реквизити, дел купуваа нови, но украсија сите. Но, и тоа не ја зголеми еуфоричноста. Го нема жагорот на луѓето, блискоста меѓу граѓаните, идилата дека не чекаат незаборавни празници. Во анкетата која ја спроведовме во строгиот центар на Општина Штип, граѓаните согласни дека годинава нема предновогодишно расположение.
За спречување од ширење на Ковид пандемијата, комисијата за заразни болести даде предлог мерки до Владата и истите беа прифатени. Односно, забрането е групирање на повеќе од 4 лица на отворен и затворен простор, забрането е организирање на предновогодишни и новогодишни прослави, нема прослава на новогодишната ноќ на плоштадите ширум државата, со што и оваа празнина наместо еуфорија донекаде е и очекувана.
Лаура Стојанова М-Нет