
Футсал второлигашите земаат залет и на програмата во овој викенд им се натпреварите од второто првенствено коло. Штипските второлигаши кои се три на број во овој викенд се распоредени две да играат на гости а една екипа ќе биде домакин во Штип. Екипата на Астибо ќе гостува на Црешово топче во Пробиштип а Мал Ајакс во Свети Николе на тимот на Овче Поле. Новиот второлигаш Кардшлк по поразот од Астибо ќе има шанса за поправен во Штип со тимот на Конзул од Битола. Еве ги комплетните парови за ова второ коло:
- Клими – Форца
- Овче Поле – Мал Ајакс
- Велешта – СЕЕ Универзитет
- Кардшлк – Конзул
- Црешово топче – Астибо
- Проект Јосифово – Кеги Моби
Сите овие натпревари ќе се одиграат комбинирано во сабота и недела, односно на 6 и 7 ноември 2021 година.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk