
62 ковид пациенти имаа потреба од болничко лекување и се сместени во болниците во Кочани и Штип, покажуваат последните извештаи добиени од болниците. Во штипската Клиничка болница хоспитализирани се вкупно 50 пацинети од кои 43 во модуларната ковид болница и седум на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Во последните 24 часа новопримени се шест лица, а испишани тројца. Од хоспитализираните 29 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 16 пациенти. Направени се 65 амбулантски прегледи. Во последното деноноќие нема регистрирано починати лица како последица од корона вирусот. Слободни моментално се 20 ковид кревети од кои 17 Инфективниот оддел и три на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската Општа болница хоспитализирани се 12 ковид пациенти на Интерното одделение кое работи како ковид оддел. Споредбено со претходната недела кога имаше и над 16 хоспитализирани пациенти сега бројот е намален. Во последните 24 часа нема регистрирано ниту едно новопримено лица, а испишан од болницата е еден пациент. Од хоспитализираните само еден пациент е вакциниран. Меѓутоа, во изминатото деноноќие во кочанската болница едно лице ја изгубило битката со корона вирсуот и истото било вакцинирано, информираат надлежните медицински лица. Слободни се 15 ковид кревети.
На ниво на државата пак бројот на новозаразени лица благо расте. Тоа го покажува и статистиката на моментално активно ковид случаи во Истокот од државата. Бројот се искачи на 688 за разлика од претходната недела кога истиот беше нешто над 500 лица. Повторно најмногу активни случаи има во Штип 230 и во Кочани 196. Бројката во останатите општини од Истокот е двоцифрена, а во Пехчево се регистрирани најамлку односно само 5 активни ковид случаи.
Согласно информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.
Лаура Стојанова М-Нет