Во сабота за првпат ќе стартува турнирот „Форца куп 2021“

Спортскиот педагог и фудбалски тренер Мирко Јакимовски во овој викенд ќе ја оствари својата замислена цел а тоа е организација на еден турнир на кој младите таленти заедно ќе се дружат, забавуваат и ќе се натпреваруваат. За првпат во Штип ќе се организира турнирот „Форца куп – 2021 “ на кој се поканети и ќе учествуваат три екипи и тоа екипата на домакинот Форца,потоа Мондано од Скопје и Академија Нацев од Велес. Програмата предвидува да се игра по италијански ситем, односно натпревари на секоја екипа со секого. Официјално турнирот ќе започне во 11.30 часот со напомена дека почетниот удар ќе го изведе градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Претходно, пред почетокот на официјалните натпревари ќе се одигра ревијален натпревар на најмладите категории на екипите на Форца и на Мoндано од Скопје. Турнирот „Форца куп – 2021“ ќе се одржи во сабота 6 ноември во спортскиот центар „Автокоманда“ во Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk