
Второлигашот Детонит Плачковица договори големо засилување за пролетниот дел од сезоната, се работи за Давид Велковски, кој во Радовиш доаѓа од редовите на прволигашот Вардар.
24-годишниот фудбалер од Свети Николе беше еден од најзаслужните за враќањето на Вардар од Втора во Прва лига, а во Вардар пристигна од редовите на штипска Брегалница во 2018 година, претходно, кариерата ја започна во својот роден град Свети Николе.
Тимот на Детонит Плачковица одново изгради квалитетен тим, со млади играчи со што радовишани мислат на иднината и ќе имаат квалитетен и млад тим и за следните сезони.
Клубот од Радовиш претходно се засили со Филип Димоски, Јовица Радевски и Александар Смилков, кои се повратници во Детонит Плачковица, како и со Давид Јошески, Дамјан Масевски, Филип Манасиевски, Давид Дебрешлиоски и Фили Манасиевски.
Пролетниот дел Детонит Плачковица го отвара против Новаци во гости.
Александар Ванев, М-Нет