
Фудбалските второлигаши од групата Исток утре,сабота ќе ги одиграат натпреварите од редовното 22 коло кое поради здравствените мерки и полицискиот час ќе биде со нов термин на почеток. И оваа недела љубителите на фудбалот ширум Македонија, со помош на камерите на Мнет ТВ и благодарејќи на одличната соработка со ФФМ, ќе имаат можност директно да го проследат натпреварот во Кочани. На стадионот Никола Мантов со почеток во 13.00 часот ќе се сретнат Осогово и Кит Го од Пехчево со директен пренос на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт. Еве ги комплетните двојки за ова 22 коло:
- Кожув – Каменица Саса
- Осогово – Кит Го Пехчево
- Плачковица – Брегалница
- Росоман – Тиквеш
- Победа – Слога
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 10 април 2021 г. со почеток во 13.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk