Полека но сигурно финишира првенството во Супер Одбојкарска женска лига на Македонија. Девојките на УГД Студент во Штип во претпоследното првенствено коло ќе ја пречекат екипата на Пелистер од Битола. Натпреварот ќе се одигра утре,сабота во спортската сала Јордан Мијалков со почеток во 14.00 часот без присуство на публика. Во последното првенствено коло во следниот викенд УГД Студент ќе гостува на екипата на Фит Фан Волеј во Скопје. Според информациите од секретарот на клубот Методи Папаров поради новите здравствени мерки во прекин се натпреварите во младинските лиги на Македонија кои ќе продолжат по одредување на новите здравствени мерки. Што де однесува до првенството во Супер машката лига на Македонија сениорите на Штип УГД завршија на 7 место на табелата во плеј – аут групата во која првото место во групата или севкупното 6 место го освои екипата на Лирија од Тетово.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
