Фудбалски празник на Бело Брдо со младите фудбалери на Брегалница и Аеродром

Пријатен фудбалски празник им овозможија раководствата на Брегалница и на Аеродром од Скопје за своите млади фудбалери од повеќето возрасни категории. Тренерите на Брегалница, Јован Маџунаров, Дарко Митев и Јован Ѓоргиевски на прекрасниот терен на Бело Брдо ги предводеа своите млади таленти на една пријатна пријателска дружба со своите врсници од Скопје, да одиграат како знаат и умеат и да покажат дел од својот раскошен талент. Иако другарството им беше во преден план, сепак за нивна понатамошна фудбалска одисеја ќе ги соопштиме и денешните резултати:

  1. Брегалница – Аеродром (генерација 2011) 2:1
  2. Брегалница – Аеродром ( генерација 2012) 3:5
  3. Брегалница – Аеродром (генерација 2013) 2:2
  4. Брегалница – Аеродром (генерација 2014/15 3:2

Милува глетката од ваквите фудбалски другарувања на кои денес ниту времето не им пречеше користејќи ги повремените сончеви насмевки кои надзираа од затемнетите облаци, ниту пак веќе и есенскиот дождец. Со еден збор потребни се почесто вакви фудбалски атракции за уште поголема популаризација на најмасовниот спорт особено овде на истокот кој од секогаш важел за раскошен извор на фудбалски таленти.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk