
Денес во „ куќата на фудбалот“се изврши ждрепката за 1/16 финачните куп натпревари на Македонија. Ждрепката сакаше во Пехчево да гостува актуелниот шампион Шкендија а домакините ќе ги предводи новиот тренер Трајче Сенев. Екипата на штипска Брегалница ќе гостува во Охрид на екипата на Воска Спорт. Еве ги комплетните куп – парови:
- Кит Го – Шкендија
- Воска Спорт – Брегалница
- Детонит – Македонија ЃП
- Победа – Вардар
- Беса – Скопје
- Локомотива – Охрид
- Гостивар – Ренова
- Љуботен – Пелистер
- Кораби – Беласица
- Њу Старс – Борец
- Слога В – Работнички
- Новаци – Тиквеш
- Велешта – Шкупи
- Каменица Саса – Струга ТЛ
Екипите на Академија Пандев и на Силекс како претходни финалисти директно се пласираат во 1/8 финалните куп – натпревари. Ќе се игра само еден натпревар и сите овие средби ќе се одиграат на 15 септември оваа година со почеток во 15.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk